• четврток, 02 април 2026

Фадави: САД не ги постигнаа своите цели во војната против Иран

Фадави: САД не ги постигнаа своите цели во војната против Иран

Техеран, 31 март 2026 (МИА) – Советникот на командантот на Корпусот на чувари на Исламската револуција (ИРГЦ), Али Фадави денеска изјави дека Вашингтон грешно го проценил својот пристап кон Иран и не успеал за краток временски период да ги постигне своите цели.

- Американците мислеа дека можат да го уништат Иран, а сега се обидуваат да ги постигнат основните цели, наведе Фадави.

Тој истакна дека последните настани во глобалниот енергетски сектор, по затворањето на Ормуска Теснина и засилените воени активности дополнително го зголемија геополитичкото значење на Персиски Залив.

- Поради лудилото на „големата сатана“ лишени се луѓето низ цел свет… Ормуска Теснина има суштинска улога во глобалната економија. Претходно, вниманието беше насочено само кон нафтата, но сега е додаден и гасот, посочи Фадави.

Тој потсети дека Иран и Катар се земји со најголеми резервите на природен гас, со што заземаат централна позиција на глобалниот енергетски пазар.

- Додека земјите се стремат да ја намалат својата зависност од нафта, гасот станува сè поважна замена, што дополнително ја зголемува стратешката важност на регионот, истакна Фадави.

Тој американските напади врз иранската цивилна инфраструктура ги оцени како кршење на меѓународното право и воени злосторства. ми/сд/

фото: ЕПА

Остани поврзан