Ученици донираа храна и ќебиња во стационарот „Шепа" во Кавадарци
- -Денес, чекор по чекор, со детски срца и голема желба за добрина, со учениците од V-3 одделение го посетивме Стационарот за кучиња „Шепа“ во Кавадарци. Со донација од ќебиња и храна, подаривме малку топлина, а за возврат добивме лекција по човечност, емпатија и љубов кон оние што не зборуваат, но чувствуваат, рече наставничката Клаудија Ангелова.
Кавадарци, 18 декември 2025 (МИА) - Ученици донираа храна и ќебиња во стационарот „Шепа" во Кавадарци.
-Денес, чекор по чекор, со детски срца и голема желба за добрина, со учениците од V-3 одделение го посетивме Стационарот за кучиња „Шепа“ во Кавадарци. Со донација од ќебиња и храна, подаривме малку топлина, а за возврат добивме лекција по човечност, емпатија и љубов кон оние што не зборуваат, но чувствуваат, рече наставничката Клаудија Ангелова.
Со оваа мала, но искрена акција, додаде таа, учениците покажаа големо срце и грижа за животните.
-Горда сум на нивниот хуман гест и на пораката дека добрината се учи и се живее. Мали раце – големи дела, посочи Ангелова. свд/хс/
Фото: Фејсбук на Клаудија Ангелова