• понеделник, 23 март 2026

УНАМА: Најмалку 42 авганистански цивили загинаа во борбите помеѓу Авганистан и Пакистан

УНАМА: Најмалку 42 авганистански цивили загинаа во борбите помеѓу Авганистан и Пакистан

Кабул, 3 март 2026 (МИА) – Најмалку 42 цивили загинаа, а 104 се повредени од 26 февруари до вчера во судирите помеѓу Авганистан и Пакистан, соопшти Мисијата на Обединети нации за помош во Авганистан (УНАМА).

Судирите помеѓу двете соседни земји продолжуваат и денеска, Кабул соопшти дека денеска зазел уште една пакистанска позиција во регионот Кандахар.

Додека Исламабад тврди дека пакистанските сили уништиле воена база во авганистанската покраина Нангархар.

И Авганистан и Пакистан тврдат дека од почетокот на судирите убиле десетици војници и нанеле голема штета врз воените објекти на другата страна.

УНАМА повика на прекин на борбите поради што во Авганистан се раселени околу 16.400 домаќинства. ми/

фото: УНАМА лого

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан