• петок, 20 февруари 2026

Умеров се сретна со Виткоф и Кушнер во Давос

Умеров се сретна со Виткоф и Кушнер во Давос

Давос, 22 јануари 2026 (МИА) - Водечкиот украински преговарач Рустем Умеров синоќа изјави дека се сретнал со американските претставници Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател, Џаред Кушнер, за време на Светскиот економски форум во Давос.

Умеров изјави на „Телеграм“ дека разговорот се фокусирал на безбедносните гаранции за Украина и планот за повоена обнова.

Украинската делегација се сретна и со претставници на американската инвестициска фирма „Блек рок“, која е вклучена во проектите за обнова на земјата. мс/јт/

фото: ЕПА

Остани поврзан