Укината забраната за камиони на Стража и на патот Маврово - Дебар
- Од 07.50 часот е укината забраната за сообракај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот превој Стража, што беше воведена поради врнежи од снег, информира ЈП Македонијапат.
Скопје, 17 февруари 2026 (МИА) - Од 07.50 часот е укината забраната за сообракај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот превој Стража, што беше воведена поради врнежи од снег, информира ЈП Македонијапат.
Укината е и забраната за сообракај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово-Дебар.са/
Фото: МИА