Узунчев: Објавен е нов јавен повик за ископ на јаглен во РЕК Битола
- Повторениот јавен повик за ископ на јаглен во РЕК Битола е објавен на 28 јануари годинава и веќе течат роковите за поднесување на понуди, информира денеска генералниот директор на АД ЕСМ Лазо Узунчев.

Скопје, 11 февруари 2025 (МИА) – Повторениот јавен повик за ископ на јаглен во РЕК Битола е објавен на 28 јануари годинава и веќе течат роковите за поднесување на понуди, информира денеска генералниот директор на АД ЕСМ Лазо Узунчев.
-Повторно се работи за отворен повик со скратен рокови од 20 дена. Очекуваме по истекот на 20. дена да видиме кој се има поднесено понуди и да извршиме евалуација на новиот економски оператори, рече Узунчев во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата по потпишувањето договор со КфВ банката.
Во моментов, како што кажа, согласно претходно спроведена постапка привремен економски оператор е „Топлина“ од Подмоље, кој единствено врши ископ јаглен во рудникот Брод Гнеотино. вј/нд/
Фото: Принтскрин