• четврток, 19 март 2026

У18: Македонските фудбалери поразени од Бугарија

У18: Македонските фудбалери поразени од Бугарија

 

Струмица, 26 февруари 2026 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација до 18 години загуби со 1:2 од соодветната селекција на Бугарија во подготвителен натпревар одигран денеска во Струмица.

Македонската селекција имаше предност од 1:0 на полувремето, но противникот ги искористи своите две прилики во продолжението и се радуваше на победа.

Во 17. минута, Македонија обезбеди предност со голот на Флори Илази, а по еден час игра, Бугарија израмни со голот го на Димитар Мранков.

Целосен резултатски пресврт за бугарската репрезентација донесе Мартин Пејчев во 73. минута.

До крајот од натпреварот, избраниците на селекторот Димитар Капинковски имаа неколку обиди за израмнување, но без реализација.

Двете селекции својот втор меѓусебен контролен натпревар ќе го одиграат в сабота во бугарскиот град Петрич. ег

ФОТО: ФФМ

Остани поврзан