ТХП: Потребна е конкретна и непосредна иницијатива од страна на Владата за дијаспората да се врати и инвестира во Македонија
- Во врска со неодамнешниот повик на премиерот Христијан Мицкоски до дијаспората да се врати и инвестира во Македонија, Партијата за движење на Турците (ТХП) сака да истакне дека за овој гест да биде сфатен како искрен, потребна е конкретна и непосредна иницијатива од страна на Владата на Македонија. Основен чекор во таа насока би било овозможување на поедноставена, транспарентна и фер постапка за добивање на македонско државјанство за сите луѓе со потекло од Македонија кои живеат во Турција и кои тоа го посакуваат, се вели во соопштението од ТХП што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 26 декември 2025
Во врска со неодамнешниот повик на премиерот Христијан Мицкоски до дијаспората да се врати и инвестира во Македонија, Партијата за движење на Турците (ТХП) сака да истакне дека за овој гест да биде сфатен како искрен, потребна е конкретна и непосредна иницијатива од страна на Владата на Македонија. Основен чекор во таа насока би било овозможување на поедноставена, транспарентна и фер постапка за добивање на македонско државјанство за сите луѓе со потекло од Македонија кои живеат во Турција и кои тоа го посакуваат, се вели во соопштението од ТХП што МИА го пренесува интегрално.
Моменталната реалност, за жал, е сосема спротивна. Процесите се нејасни, нетранспарентни, дури и за оние граѓани кои официјално имаат поднесено барање, а институциите не покажуваат соодветна комуникација или поддршка. Ваквиот пристап и пасивност на институциите создаваат длабока недоверба и незадоволство.
Не смееме да заборавиме дека станува збор за илјадници едуцирани, искусни и квалитетни луѓе со длабока емотивна и културна врска со Македонија, кои претставуваат вистински потенцијал за економски, интелектуален и општествен напредок на нашата држава. Сепак, оваа заедница е систематски маргинализирана и ставена во положба на жртва, одбегнувајќи ги нивните основни права и можен придонес.
Затоа, ТХП бара итно воведување на поедноставен и транспарентен механизам за добивање државјанство, дефинирање на јасни и јавно достапни критериуми и рокови за сите барања.
Празните изјави немаат никакво значење, Владата мора преку конкретни дејствија да ја потврди својата добра волја и својот државнички ангажман кон своите граѓани, без разлика каде живеат.
Партија за движење на Турците - ТХП
Фото: Лого ТХП