• петок, 03 април 2026

Тудор може да го напушти Тотенхем по натпреварот со Ливерпул

Тудор може да го напушти Тотенхем по натпреварот со Ливерпул

Лондон, 14 март 2026 (МИА) - Тотенхем активно работи на кандидати за замена на главниот тренер Игор Тудор.

Според британските медиуми одлука за промена на тренерот може да се донесе по натпреварот со Ливерпул. Сè уште не е одлучено дали назначувањето ќе биде привремено или трајно.

Тотенхем е на 16. место на табелата во Премиер лигата по 29 натпревари. Тие загубија со 5:2 од Атлетико Мадрид во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Натпреварот помеѓу Ливерпул и Тотенхем ќе се игра утревечер со почеток во 21 часот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан