• сабота, 16 мај 2026

Триумф на Струга во дерби дуелот со Силекс

Триумф на Струга во дерби дуелот со Силекс

Струга, 27.април 2026 (МИА) – Првиот од двата денешни дуели од 29.коло заврши со победа на домашната екипа, односно Струга го совлада Силекс со 2:0. Ова воедно беше и дерби на колото и стружани сега имаат десет бодови предност на табелата пред кратовчани на четири кола до крајот на шампионатот.

Головите за победничката екипа го постигнаа Ламине Маудо во 21.минута и Христијан Малески во 57.минута.

Во вториот денешен дуел и последен од оваа рунда од 16 часот во Тетово, Шкендија е домаќин на Башкими.

Вардар е лидер на табелата со 71 бод, или четири повеќе од второпласираната Шкендија. мн/

Фото: ФФМ

Остани поврзан