• петок, 13 март 2026

Третина од онлајн купувачите се пожалиле на проблеми при купувањето, најчесто за бавна испорака

Третина од онлајн купувачите се пожалиле на проблеми при купувањето, најчесто за бавна испорака

Скопје, 13 март 2026 (МИА) - Повеќе од една третина (35,4%) од онлајн купувачите во ЕУ пријавиле проблеми при купување преку веб-страница или апликација, покажува истражувањето на Евростат од 2025 година за користење на информатичко-комуникациски технологии. Во Македонија, проблем при е-шопинг имале 29,41 отсто од купувачите. 

Меѓу земјите на ЕУ, најголем процент на клиенти кои наишле на проблеми е забележан во Малта (64,0%), Холандија (57,9%) и Луксембург (51,4%).

Спротивно на тоа, најниски проценти се пријавен во Португалија (4,5%), Грција (10,6%) и Летонија (13,3%).

Бавната испорака е најчестиот проблем на е-куоувачите.

На побавна испорака од очекуваното, се пожалиле една петина од анкетираните (19,9%). Вториот најчест проблем е тоа што веб-страницата од која купувале била тешка за користење или работела незадоволително (11,5%), а трет била испораката на неточни или оштетени стоки или услуги (10,4%).са/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан