• сабота, 22 февруари 2025

Трамп ќе воведе царини за европските стоки „многу скоро“

Трамп ќе воведе царини за европските стоки „многу скоро“

Вашингтон, 3 февруари 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека „многу скоро“ ќе воведе царини за европските производи, слични на оние што веќе ги наметна за увозот од Канада, Мексико и Кина.

- Тие имаат огромна предност во трговијата со нас – САД има трговски дефицит од 300 милијарди долари. Тие не купуваат наши автомобили, земјоделски производи – речиси ништо. А ние купуваме милиони нивни автомобили и големи количини храна, изјави Трамп на прес-конференција.

На прашањето кога точно ќе бидат воведени царините, Трамп одговори: „Немам конкретен датум, но ќе биде многу скоро.“

Во меѓувреме, тој најави утрински разговори со канадскиот премиер Џастин Трудо и со мексиканската влада, по воведувањето на 25 отсто царини за увозот од овие земји.

- Ќе разговарам со Трудо утре наутро, исто така и со мексиканската влада, но не очекувам ништо значајно. Наметнуваме царини затоа што тие ни должат многу пари, изјави синоќа Трамп за време на прес-конференција во неговото одморалиште Мар-а-Лаго на Флорида. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан