• четврток, 16 април 2026

Трамп ја опиша контролата врз иранската нафта како „опција“

Трамп ја опиша контролата врз иранската нафта како „опција“

Вашингтон, 26 март 2026 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп го опиша како „опција“ преземањето контрола врз иранската нафта.

Кога еден новинар го праша за ова за време на денешниот состанок на кабинетот во Белата куќа, тој рече: „Не би зборувал за тоа, но тоа е опција“, пренесе ДПА.

САД неодамна нападнаа ирански воени објекти на островот Харг во Заливот, кој е важен за извозот на иранска нафта.

Минатиот понеделник, поради тековните разговори со Иран, Трамп нареди енергетската инфраструктура на земјата да не се напаѓа пет дена. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан