• сабота, 16 мај 2026

Трамп: САД се подготвени за воена акција против Иран

Трамп: САД се подготвени за воена акција против Иран

Вашингтон, 21 април 2026 (МИА) – Соединетите Американски Држави се подготвени за воена акција против Иран, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за телевизијата Си-ен-би-си.

Тој нагласи дека не сака да го продолжи рокот на примирјето со Техеран, кој истекува утре во 20:00 часот по источноамериканско време (односно на 23 април во 03:00 часот по средноевропско време).

Американскиот претседател додаде дека Вашингтон се наоѓа во силна преговарачка позиција, што би можело да резултира со значаен договор.

- Не сакаме да го правиме тоа (да го продолжиме примирјето). Немаме толку многу време - изјави Трамп, одговарајќи на прашањето за можноста за продолжување на договорот. ссм/ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан