• понеделник, 23 март 2026

Трамп: Предоцна е за преговори со Иран

Трамп: Предоцна е за преговори со Иран

Вашингтон, 3 март 2026 (МИА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп, на сопствената социјална мрежа „Трут соушл“ објави дека е предоцна за преговори со Иран.

Одговарајќи на корисник, кој наведе дека американските напади довеле до „раѓање на доктрина на Трамп“, американскиот претседател одговори:

- Нивната противвоздушна одбрана, воздухопловство, морнарица и лидери исчезнаа. Сакаат да разговараат. Им кажав: Предоцна! - објави Трамп.

САД и Израел на 28 февруари го нападнаа Иран, на што Техеран возврати со напади врз Израел, американските бази и енергетската инфраструктура во земјите од Персискиот Залив. ми/рп/

фото: ЕПА

Остани поврзан