• петок, 15 мај 2026

Трамп оптимист пред преговорите со Иран во Пакистан

Трамп оптимист пред преговорите со Иран во Пакистан

Вашингтон, 9 април 2026 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека е „прилично оптимистичен“ во пресрет на клучните преговори со Иран што викендов треба да се одржат во Пакистан.

- На состаноците тие зборуваат многу поинаку отколку пред медиумите. Се однесуваат многу поразумно -  изјави Трамп во телефонски разговор за Ен-Би-Си Њуз, мислејќи на иранските претставници.

- Тие прифаќаат сè што треба да прифатат. Не заборавајте дека беа поразени -  додаде американскиот претседател.

Преговорите се сметаат за клучни за стабилизација на состојбите по војната во регионот, во услови на кревко примирје и зголемени тензии околу безбедноста на Ормуската Теснина. ссм/

фото: архива

Остани поврзан