• сабота, 13 декември 2025

Трамп објави дека ќе го помилува поранешниот претседател на Хондурас, кој отслужува казна во американски затвор

Трамп објави дека ќе го помилува поранешниот претседател на Хондурас, кој отслужува казна во американски затвор

Вашингтон, 29 ноември 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе го помилува поранешниот претседател на Хондурас, Хуан Орландо Хернандез, кој отслужува 45-годишна казна во американски затвор за трговија со дрога и други кривични дела, јавија агенциите.

Во објава на социјалната мрежа Трут Соушл, американскиот лидер ја повтори својата поддршка за претседателскиот кандидат на Хондурас, Насри Асфура, од конзервативната Национална партија на Хондурас, додавајќи дека „доколку тој не победи, САД нема да ги трошат своите пари залудно“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан