• петок, 02 јануари 2026

Трамп најави набавка на „многу повеќе“ невидливи бомбардери Б-2

Трамп најави набавка на „многу повеќе“ невидливи бомбардери Б-2

Вашингтон, 28 ноември 2025 (МИА) – Претседателот на САД Доналд Трамп, најави пред американските воени лица дека неговата администрација нарачала „многу повеќе“ од стратешките бомбардери „Б-2 Спирит“ (B-2 Spirit), произведени со стелт технологија од компанијата „Нортроп Груман“.

Трамп ја искористи приликата да ја пофали ефективноста на авионите, кои претходно оваа година беа користени за американски напади врз ирански нуклеарни цели.

Тие прекрасни бомбардери Б-2 целосно го уништија нуклеарниот потенцијал на Иран, изјави Трамп. 

- Само што нарачавме многу повеќе од нив, а причината е што се целосно неверојатни, целосно невидливи, додаде американскиот претседател. ссм/ми/

фото: архива

Остани поврзан