Трамп вели дека американските сили се во многу силна позиција во Иран
- Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американските сили се во многу силна позиција во Иран, објавија светските агенции.
Вашингтон, 4 март 2026 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американските сили се во многу силна позиција во Иран, објавија светските агенции.
Трамп рече дека е постигнат голем напредок по помалку од една недела војна.
„Сега сме во позиција на сила и иранските претставници брзо исчезнуваат. Секој што сака да биде лидер брзо умира“, рече Трамп за време на состанокот со раководителите на технолошките компании што се одржа во Белата куќа. мс/
фото: ЕПА