• недела, 22 март 2026

Традиционална ифтарска вечера во организација на ТХП

Традиционална ифтарска вечера во организација на ТХП

Скопје, 3 март 2026 

Партијата за движење на Турците – ТХП вчера во Скопје организираше традиционална ифтарска вечера по повод месецот Рамазан, се вели во соопштението од ТХП што МИА го пренесува интегрално.

На настанот присуствуваа претставници на коалициските партнери, истакнати личности на турската заедница, како и претставници од областа на уметноста, образованието, медиумите и граѓанските организации.

Ифтарската вечера помина во духот на солидарност, меѓусебна почит и заедништво, при што беше нагласена важноста од дијалог, соработка и негување на заедничките општествени вредности.

Партијата за движење на Турците – ТХП останува посветена на унапредување на меѓуетничката соработка и општествената кохезија во Република Северна Македонија.

Партија за движење на Турците - ТХП

Фото: ТХП

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан