• петок, 20 февруари 2026

ТППЕ Старо Нагоричане лани регистрирал 135 интервенции

ТППЕ Старо Нагоричане лани регистрирал 135 интервенции

Куманово, 5 февруари 2026 (МИА) - Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане, лани регистрирала вкупно 135 интервенции, што е зголемување во однос на претходната година кога имало 118  пожари,  информираа денеска од ТППЕ Старо Нагоричане. 

-На отворен простор регистрирани биле 84 интервенции,  а на објекти 18. Регистриравме интервенции на опожарени автомобили и интервенции при сообраќајни несреќи вкупно шест, имавме две интервенции при непогоди. Лани гасевме пожари на шут, депонии и ѓубре осум пати, други интервенции 17- изјави, командирот на ТППЕ, Старо Нагоричане, Далибор Трајковски.

Во летниот период поради високите темпертаури на подрчајето на општината имало неколку пожари на отворено кои зафатиле поголема површина и се гасеа по два три дена.

-Во јули имаше 24 интеревнции, од кои шест во село Руѓинце, каде наназад неколку години често се регистрираат пожари, од поголеми размери, изјави Трајковски.

Тој додаде дека токму во ова село и во Мгленце интервенираа и државните служби со воздушна поддршка при гасење на пожарите.

-Пожарникарите интервенираа и на пожари кои зафатија и куќи во селото Младо Нагоричане и Стрновац. ТППЕ Старо Нагоричане има две возила и девет пожарникари, што е недоволно за територијата која ја покрива. При поголеми пожари се бара поддршка од колегите од Куманово и помалите општини од североистокот, вели Трајковски. ам/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан