• сабота, 21 февруари 2026

Тотенхем го отпушти Томас Франк

Тотенхем го отпушти Томас Франк

Лондон, 11 февруари 2026 (МИА) – Тренерот на Тотенхем хотспур, Томас Франк, доби отказ, објави новинарот Дејвид Орнштајн од Атлетик.

Според Орнштајн, клубот од Лондон моментално активно истражува опции за замена на 52-годишниот Данец.

Вчеравечер Тотенхем загуби со 2:1 од Њукасл во 26. коло од Премиер лигата. 

Тотенхем се наоѓа на 16. место во Премиер лигата со 29 бода. Во тековната сезона Тотенхем заврши на четвртото место на табелата во Лигата на шампионите и стигна до осминафиналето.

Франк го презема Тотенхем летото 2025 година. Претходно работеше во Брентфорд. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан