• недела, 18 јануари 2026

„Толку е тивко“ театарска претстава на деца со попреченост и со типичен развој

„Толку е тивко“ театарска претстава на деца со попреченост и со типичен развој

Скопје, 27 декември 2025 (МИА) - Во Центарот за култура во Ѓорче Петров денеска ќе биде изведена театарската претстава „Толку е тивко“ во која учествуваат лица со попреченост и со типичен развој од основните и средните училишта од Ѓорче Петров.

„Толку е тивко“ е филозофска и длабоко сензитивна театарска исповед во која светот се открива низ внатрешниот поглед на девојче што го изгубило видот. Наместо визуелни слики, просторот се гради од звуци, допири, тишини и сеќавања, претворајќи ја сцената во жив лавиринт на чувства и мисли. Претставата води низ нејзиното детство, загубите и растењето, каде темнината не е празнина, туку место во кое се раѓаат светлина, пријателство и смисла. Со несекојдневни сценски средства и силна емотивна нарација, „Толку е тивко“ ја преиспитува нашата перцепција за гледањето, постоењето и она што навистина значи да се „види“ светот.

Режијата и концептот е на Златко Митрески и Македонка Илиевска Митреска. Претставата е работена по автобиографски раскази на Борка Тадиќ.

Проектот е поддржан од општина Ѓорче Петров. бак/лв/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан