• вторник, 13 мај 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Телеграма со сочувство од КОВЗРГ по повод смртта на папата Франциск

Телеграма со сочувство од КОВЗРГ по повод смртта на папата Франциск

Скопје, 22 април 2025 (МИА) - Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), Оливера Трајковска упати Телеграмата со сочувство по повод смртта на Светиот отец папата Франциск која ја упати до Светиот престол и до Католичката црква во Македонија, информираат од Комисијата.

-Со длабока тага и искрено сочувство ја примивме веста за упокојувањето на Неговата Светост, Папата Франциск – пастирот на надежта, гласот на скромноста и праведноста, и силниот мост меѓу народите, религиите и сиромашните. Во името на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни
групи, изразувам длабоко сочувство до Светиот Престол, до католичката заедница во Северна Македонија и до сите верници ширум светот, вели таа во телеграмата.

Светлиот пример на Папата Франциск – неговата човечност, понизност и силна заложба за мир, дијалог и социјална правда, додава таа, ќе останат вечно врежани во колективната меморија на човештвото.

-Нека неговата душа најде мир во Божјата милост, пишува Трајковска во Телеграмата со сочувство по повод смртта на Светиот отец папата Франциск. сст/нд/

Фото МИА архива

 

 

Остани поврзан