Таткото на Васил Јованов никогаш „немал дадено, ниту одобрено“ син му да управува возило додека не положи возачки испит, сведочеа негови пријатели и роднини
- Васил, дури откога положи теоретски дел и дојде на ред полагање за градско возење, откако првиот пат падна, покажа интерес да се проба со возилото, но сопругот беше категоричен дека тоа нема да се случи додека не положи, изјави Ана Јованова, мајката на Васил Јованов, на денешното рочиште во Основниот кривичен суд во Скопје на судењето против сопругот Зоран Јованов. Тој е обвинет за „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејство или средства“ по сообраќајната несреќа, во која син му, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, удри во пешакот Фросина Кулакова, која почина на самото место.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.