Судар на два американски воени брода
- Американски воен брод и брод за снабдување на морнарицата вчера се судрија при полнење гориво, соопшти денеска Јужната команда на САД, но не е наведена точната локација
Вашингтон, 12 февруари 2026 (МИА) – Американски воен брод и брод за снабдување на морнарицата вчера се судрија при полнење гориво, соопшти денеска Јужната команда на САД, но не е наведена точната локација.
Разурнувачот со наведувачки ракети од класата „Арли Бурк“, „УСС Трукстун“, и бродот за брза борбена поддршка „УСНС Саплај“ се судрија за време на дополнување на гориво. Двајца членови на екипажот пријавиле полесни повреди и се во стабилна состојба, се наведува во соопштението.
Инцидентот е под истрага, а двата брода безбедно ја продолжија пловидбата.
„Волстрит џурнал“ објави дека судирот се случил во близина на Јужна Америка. ми/
фото: МИА архива