• петок, 20 февруари 2026

Струшката полиција запрела возач со активна забрана за возење, возилото одземено

Струшката полиција запрела возач со активна забрана за возење, возилото одземено

Струга, 16 февруари 2026 (МИА) - Лице од струшкото село Радолишта управувало патничко моторно возило со активна забрана, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, на магистралниот пат Струга-Ќафасан, вчера во 17 часот и 32 минути полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Е.Д.(31) од струшкото село Радолишта. 

- При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал и притоа констатирале дека имал активна забрана на управување со моторно возило од Б категорија, стои во информацијата. 

По насоки на јавен обвинител, возилото било одземено и по целосно документирање на настанот, против Е.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава. сс/сст/

Фото МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан