• сабота, 14 март 2026

Стојаноски: Усогласување на минимална плата ќе се изврши преку социјален дијалог помеѓу синдикатите и работодавачите

Стојаноски: Усогласување на минимална плата ќе се изврши преку социјален дијалог помеѓу синдикатите и работодавачите

Скопје, 13 март 2026

„Минималната плата ќе порасне така како што ќе се договарат работодавачите и работниците, со оглед на тоа дека Владата во овој дијалог ги има испочитувано до крај своите права или обврски кон оние на коишто е работодавач, бидејќи 99% од државната управа има склучено колективни договори со Владата“, истакна Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата Топ Тема на Телма телевизија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално.

Стојаноски нагласи дека усогласувањето на минималната плата потребно е да се изврши преку социјален дијалог, да се договарат синдикатите и работодавачите на двопартитен дијалог, потенцирајќи дека Владата ќе ја поддржи одлуката.

„За нас, ете и за мене лично, оној став дека најдобрата плата е таа која што ќе биде реално исплатена, е едноставно најдобра плата, бидејќи на крајот од денот работниците треба таа плата и да ја примат. Ние можеме тука да лецитираме со бројки коишто сметаме дека можеби се примамливи, но на крајот од денот треба да гарантираме дека тоа коешто ќе го кажеме, носиме одговорност и дека ќе биде исплатено“, рече пратеникот Стојаноски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан