• петок, 17 април 2026

Ставени во функција целосно реконструираните простории на службата за брза помош во дебарската болница

Ставени во функција целосно реконструираните простории на службата за брза помош во дебарската болница

Дебар, 27 март 2026 (МИА) – Во Општата болница со проширена дејност во Дебар, ставени се во функција целосно реконструираните простории на Службата за брза помош.

-Од денес, овие простории се целосно нови, стандардизирани и функционални, во служба на обезбедување поквалитетни и поефикасни здравствени услуги за граѓаните. Нашата институција останува континуирано посветена на унапредување на инфраструктурата и подигнување на стандардите во служба на пациентите, информираше Мерсим Колеци, директор на болницата.

Целосната реконструкција се реализира со донација на Авдул Бајро, дебранец кој живее и работи во САД, за што Колеци од свое и име на вработените и граѓаните изразува голема благодарност.

Во периодот додека се реализираше овој зафат, пациентите медицинската помош ја добиваа во Ургентната единица на болницата.

Ова  е последователен зафат во установата, со кој, според Колеци, се обезбедуваат многу посовремени услови а се  во интерес на здравјето на пациентите. 

Дебарската болница има 172 вработени, над 80 отсто здравствен кадар, кој се грижи за здравјето на жителите на општините Дебар и Центар Жупа а по потреба услуга даваат и за оние од подрачјето на Река, Општина Маврово и Ростуше. вт/дма/

Фото: Општа болница-Дебар

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан