• петок, 15 мај 2026

Комисијата за избори и именувања треба да го соопшти предлогот за нов член на ДКСК, Катерина Зајковска на врвот на листата

Комисијата за избори и именувања треба да го соопшти предлогот за нов член на ДКСК, Катерина Зајковска на врвот на листата

Скопје, 11 мај 2026 (МИА) - Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска треба да го соопшти предлогот за нови членови на Државната комисија за спречување на корупцијата и на Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за деца, а на дневен ред на седницата се повеќе други точки. 

Прворангирана на листата за нов член на ДКСК со најмногу бодови, според документот објавен на веб-страницата на Собранието, е Катерина Зајковска со 90,67 бода, а комисијата за селекција оценила дека врз основа на дадените одговори кандидатката има големо искуство во борбата за спречување на корупцијата и судирот на интереси и има јасна визија за работата на ДКСК и план за нејзината работа. Дала одлични одговори за поставените општи и посебни прашања. Зад неа е Милка Муратовска, а зад неа се Тања Левајковиќ и Владимир Клековски.   

На огласот за избор на член на Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за деца се пријавени кандидатите Невена Петровска, Димитар Каракулев, Наташа Георгиева, Зоран Киткањ, Елена Георгиевска и Елена Мујоска-Трпевска. 

Ќе се менуваат и членовите на комисиите на барање на ЗНАМ, одлуката за основање пратенички групи на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието. 

На дневен ред е и предлог-одлука за разрешување и именување претседател и членови на одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“, на одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“ и на одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“. ев/са/

ФОТО: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан