Средба со италијанскиот амбасадор Паоло Палминтери
- Во Олимпискиот дом вчера се одржа средба помеѓу претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК) Даниел Димевски, генералниот секретар Ѓорги Тасев и италијанскиот амбасадор Паоло Палминтери.
Скопје, 13 мај 2026 (МИА) - Во Олимпискиот дом вчера се одржа средба помеѓу претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК) Даниел Димевски, генералниот секретар Ѓорги Тасев и италијанскиот амбасадор Паоло Палминтери.
- На средбата се разговараше за повеќе теми од заеднички интерес, со акцент на унапредување на спортската соработка, размена на искуства и можности за заеднички активности во периодот што следи. Посебно внимание беше посветено на Медитеранските игри во Таранто 2026, каде Македонија планира настап со бројна делегација на спортисти, тренери и спортски официјални лица, соопшти МОК.
Беа разгледани и можности за организација на заеднички промотивни и културно-спортски активности, кои ќе придонесат за дополнително поврзување и продлабочување на соработката помеѓу двете земји.
Средбата претставува уште еден чекор кон зајакнување на меѓународната соработка и поддршка на македонскиот спорт на големите мултиспортски настани. зс/
Фото: МОК