• сабота, 14 март 2026

Средба на пратеникот Сергеј Попов со студенти и млади истражувачи од регионот

Средба на пратеникот Сергеј Попов со студенти и млади истражувачи од регионот

Скопје, 13 март 2026 (МИА) - Во Собранието денеска се одржа средба на пратеникот Сергеј Попов и учесници во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи. На средбата присуствувале студенти и млади истражувачи од нашата земја и од соседните држави, кои имаа можност одблиску да се запознаат со работата на законодавниот дом.

Пратеникот Попов ги запознал присутните со функционирањето на Собранието, со посебен осврт на прашањата поврзани со младите и нивната улога во креирањето на јавните политики. Тој ја истакнал важноста од активно вклучување на младите во демократските процеси и носењето одлуки што директно ги засегаат.

Средбата, како што информираат од собраниската прес-служба, продолжила со отворена дискусија, при што студентите споделиле свои размислувања и предлози за повеќе прашања што се однесуваат на младите.

Меѓу темите што биле разгледани се иселувањето на младите поради подобри услови за живеење, Законот за младинското учество и младинските политики и можните измени и реформи во неговата примена, функционирањето на младинските совети во општините, степенот на вклученост на младите во креирањето на законите што ги засегаат, како и предизвиците со кои се соочуваат младите при вработување, без претходно работно искуство. Воедно, на средбата е разговарано и за можностите и политиките за поттикнување на враќањето на младите од странство.

На крајот од средбата биле сумирани главните заклучоци, при што било истакната потребата од континуиран дијалог меѓу институциите и младите, како и важноста од создавање услови што ќе овозможат поголема вклученост на младите во општествените процеси и носењето одлуки. фф/вј/

Фото: МИА

Остани поврзан