• петок, 15 мај 2026

Средба на министерот Сали со британскиот амбасадор Лосон, истакнато значењето на стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Средба на министерот Сали со британскиот амбасадор Лосон, истакнато значењето на стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Скопје, 6 мај 2026 (МИА) - Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон, при што е потврдена силната партнерска соработка и континуираната поддршка меѓу двете земји, информира Министерството за европски прашања. 

На средбата е истакнато дека Обединетото Кралство претставува важен стратешки партнер и поддржувач на државава, особено во процесите на реформи, зајакнување на демократските институции, економскиот развој, безбедноста и институционалната трансформација.

- Министерот Сали нагласи дека Владата останува целосно посветена на спроведувањето на Реформската агенда 2024–2027 и Планот за раст за Западен Балкан, како клучни механизми за модернизација на државата, подобрување на јавните услуги и забрзување на конвергенцијата со Европската Унија. Во рамки на дискусијата беше потенцирана важноста од добро владеење, институционална координација, дигитализација, сајбер безбедност, борба против дезинформации, како и развој на политики засновани на резултати и институционална отчетност, се вели во соопштението. 

Соговорниците разговарале и за можностите за продлабочување на економската соработка, инвестициите, инфраструктурните проекти, иновациите и зелената и дигиталната трансформација.

Министерот Сали ја оценил како особено значајна континуираната поддршка од Обединетото Кралство за демократските процеси, институционалното зајакнување и долгорочниот развој на државата, нагласувајќи дека партнерството меѓу двете земји останува засновано на заеднички демократски вредности, владеење на правото и регионална стабилност.лв/аа/

фото: Министерство за европски прашања 

Остани поврзан