• петок, 15 мај 2026

Сочно пилешко во сос од горгонзола

Сочно пилешко во сос од горгонзола

Ова е брз и кремаст рецепт со богат вкус, совршен за ручек или вечера кога сакате нешто едноставно, а впечатливо. Комбинацијата од меко пилешко месо, топена горгонзола и бело вино создава ароматичен сос што одлично се комбинира со тестенини, ориз или печен компир.

Потребни состојки:

  • 600 грама пилешко месо (исечено на ленти или филети)
  • 200 грама горгонзола, исечкана на парчиња
  • 100 мл неутрална павлака за готвење
  • 100 мл бело вино
  • малку путер
  • 1 мала главица кромид
  • провансалски зачини или мешавина од медитерански зачини
  • сол и бибер по вкус


Начин на подготовка:
Пилешкото месо зачинете го со провансалските зачини, сол и бибер. Во тава растопете малку путер и пржете го месото на средна температура околу 10–15 минути, додека убаво порумени и целосно се испече. Извадете го од тавата и тргнете го на страна. Во истата тава ставете ситно сечкан кромид и пржете додека омекне и добие златна боја. Додадете го белото вино и оставете неколку минути да испари алкохолот. Потоа додајте ја горгонзолата и мешајте додека почне да се топи. На крај додајте ја павлаката за готвење и мешајте додека не добиете густ и кремаст сос. Вратете го пилешкото месо во сосот и гответе уште 1–2 минути, за вкусовите убаво да се соединат.

Послужете топло, по желба со тестенини, ориз или свежо печен леб.

Фото: Мagnific
 
 
 

Остани поврзан