Состанок на специјалната група за реформа во јавната администрација помеѓу Европската Унија и Северна Македонија
- 14-тиот состанок на специјалната група за реформа во јавната администрација (РЈА) помеѓу ЕУ и Северна Македонија се одржа во Брисел на 26 март 2026 година. Копретседавач на состанокот од страна на Европската Унија беше г. Ибер Дио (Hubert Duhot), заменик-раководител на одделението за Албанија и Северна Македонија при Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската комисија, а од страна на Северна Македонија г-ѓа Маја Рисова-Мутулар, шеф на кабинетот на министерот за јавна администрација. Министерот за јавна администрација Горан Минчев имаше воведно обраќање, се вели во соопштението од Делегацијата на Европската Унија, што МИА го пренесува интегрално.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.