Собранието ќе ја продолжи 98. седница
- Во Собранието денеска ќе продолжи 98. седница, на која пратениците ќе расправаат за повеќе предлог-закони по скратена постапка.
Скопје, 23 април 2026 (МИА) - Во Собранието денеска ќе продолжи 98. седница, на која пратениците ќе расправаат за повеќе предлог-закони по скратена постапка.
На дневниот ред се предлог-законот за изменување на Законот за Владата на Република Македонија, предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минералните суровини, предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за концесиите и јавно приватното партнерство, предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија, предлог-законот за изменување на Законот за внатрешната пловидба, како и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пратениците, сите по скратена постапка. дма/хс/
Фото: МИА архива