Симпозиум за естетска медицина со меѓународно учество
- Како што соопштија организаторите, овој значаен настан ќе ги обедини реномираните експерти од земјата и регионот, кои како предавачи или учесници на симпозиумот ќе ги споделат своите најнови сознанија и искуства во областа на естетската медицина.

Скопје, 22 февруари 2025 (МИА) - Во Скопје денеска ќе одржи 6-от Симпозиум за естетска медицина, на кој е најавено и меѓународно учество.
Како што соопштија организаторите, овој значаен настан ќе ги обедини реномираните експерти од земјата и регионот, кои како предавачи или учесници на симпозиумот ќе ги споделат своите најнови сознанија и искуства во областа на естетската медицина.
На настанот ќе бидат презентирани најновите сознанија и техники во сегментот на одржување на виталност и убавина со поддршка на неинвазивни и инвазивни процедури во естетската медицина. нд/
Фото: МИА архива