Симеоне прв кандидат за тренерската позиција во Челзи
- Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, е водечки кандидат за функцијата во Челзи, објави „The Sun“.
Лондон, 20 април 2026 (МИА) – Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, е водечки кандидат за функцијата во Челзи, објави „The Sun“.
Тековниот договор на „Сините“ од Лондон со актуелниот тренер Лиам Розениор е до 2032 година. Сепак, според „Сан“, во клубот расте сомнежот за неговата иднина. Причината за ова е ризикот од пропуштање на Лигата на шампионите следната сезона.
Симеоне е на чело на Атлетико Мадрид од 2011 година. Под негово водство, клубот двапати ја освои шпанската лига (2014, 2021), Купот на кралот (2013), двапати Лигата на Европа (2012, 2018) и двапати стигна до финалето на Лигата на шампионите (2014, 2016).
Челзи има 48 бода во 33 натпревари и е шести на табелата во англиската Премиер лига. зс/
Фото: ЕПА