Силен земјотрес регистриран во северна Јапонија
- Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран на најголемиот јапонски остров Хоншу
Токио, 15 мај 2026 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран на најголемиот јапонски остров Хоншу.
Епицентарот на земјотресот беше во префектурата Мијаги, на длабочина од 10 километри.
По земјотресот, не е издадено предупредување за појава на цунами.
Засега нема информации за евентуални жртви и материјална штета. ми/
фото: МИА архива