Силен земјотрес го погоди Тајван
- Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во тајванскиот округ Тајтунг
Тајпеј, 24 декември 2025 (МИА) – Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во тајванскиот округ Тајтунг.
Епицентарот на земјотресот бил на 11,9 километри длабочина. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Тајван се наоѓа на границата на две тектонски плочи и земјотресите се чести на островот.
Во земјотресот во 2016 година што го погоди јужен Тајван загинаа над 100 луѓе, а во 1999 година земјотресот со интензитет од 7,3 степени одзеде повеќе од 2.000 животи. ми/сд/
фото: МИА архива