Сектор за образование Куманово-отпишани 40 ученици
- Четириесет ученици од кумановските основни и средни училишта се отпишале, информираа денеска од секторот за образование од општина Куманово. Од секторот велат дека од основните се испишале 38 ученика, додека од средните двајца.
Куманово, 6 февруари 2026 (МИА) - Четириесет ученици од кумановските основни и средни училишта се отпишале, информираа денеска од секторот за образование од општина Куманово. Од секторот велат дека од основните се испишале 38 ученика, додека од средните двајца.
- Од основните училиште се испишале 38 ученици од кои 29 поради преселба во друга општина во рамки на границите на државата и девет поради преселба во друга држава. Во средните училишта во првото полугодие се испишале два ученика поради преселба во друга држава, заклучно со ден 05.02.2026 година, информираат од секторот за образование.
Куманово има 21 училиште, од кои пет средни. ам/са/
Фото: МИА