Седумнаесет избрани и именувани лица не ги пријавиле фирмите во кои имаат сопственички удел, Македонија има регистар на вистински сопственици, но недоволно се користи
- Еден од проблемите е што овој регистар не е бесплатен ниту за физичките ниту за правните лица. Физичкото лице треба да плати 300 денари за да види дали некој функционер има фирма, а за да направи увид во историјатот на фирмата, ќе треба да одвои 800 денари. Плаќањето за правните лица е поевтино, па така треба да плати 299 денари за да види дали некој функционер има фирма, а за да го провери историјатот, треба да плати 600 денари. Од Центарот за граѓански комуникации, кој денеска организира тематски форум за користење на податоците од регистарот на вистински сопственици, препорачуваат надлежните институции да ги вкрстуваат податоците за да се следи трагата на парите и да се види дали одредени податоци од самиот регистар се точни.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.