Седум ирачки борци загинаа во наводен американски напад врз ирачка база
- Најмалку седум ирачки борци денеска загинаа, а 13 се повредени при напад врз воена база во Ирак, соопшти ирачкото Министерство за одбрана
Багдад, 25 март 2026 (МИА) – Најмалку седум ирачки борци денеска загинаа, а 13 се повредени при напад врз воена база во Ирак, соопшти ирачкото Министерство за одбрана.
Во базата се сместени припадници на ирачката полиција, војници и членови на ирачката паравоена шиитска група Хашед ал Шаби.
Шиитската паравоена група соопшти дека нејзините борци се убиени во американски напад.
САД сè уште не го коментирале инцидентот. ми/сд/
фото: МИА архива