Седница на Судскиот совет, на дневен ред пензионирање судии, поплаки и утврдување одговорност
- Судскиот совет денеска треба да ја одржи 534. седница, на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои за престанокот на судиската функција поради стекнување услови за старосна пензија, поплаки и претставки за работата на судиите и судовите, како и формирање комисии за постапки за утврдување одговорност.
Скопје, 12 јануари 2026 (МИА) - Судскиот совет денеска треба да ја одржи 534. седница, на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои за престанокот на судиската функција поради стекнување услови за старосна пензија, поплаки и претставки за работата на судиите и судовите, како и формирање комисии за постапки за утврдување одговорност.
Дневниот ред опфаќа и расправа по пресудата на Управниот суд У‑5 бр. 380/2025 за уставната судијка Елизабета Дуковска, како и по известувања за утврдена фактичка состојба.
Оваа седница требаше да се одржи на 24 декември 2025 година, но поради немање кворум, беше одложена за денеска. дма/лв/
Фото:МИА архива