• понеделник, 12 јануари 2026

Лукаревска: Не се согласуваме со предлог-законот за ново задолжување од 20 милиони евра

Лукаревска: Не се согласуваме со предлог-законот за ново задолжување од 20 милиони евра

Скопје, 12 јануари 2026 

Нема пари, задолжувањето оди во опасна насока. Власта трупа нови долгови врз грбот на народот. Владата до Собранието поднела предлог-закон за ново задолжување од 20 милиони евра за изградба на фискултурни сали, ама без информација за износот на каматната стапка. Нема пари за плати, нема пари за минимална плата од 600 евра, нема пари за нови мерки за поддршка на стандардот на граѓаните. Има само за криминални тендери, кои вртат секој ден, и тоа со милонски суми за исти фирми блиски до власта, ја пренесува СДСМ изјавата на пратеничката Сања Лукаревска, што МИА ја објавува во интегрална форма.

Недостига 1 милијарда евра. Огромната дупка очигледно власта ќе ја пополнува со нови и нови долгови, кои треба да ги плаќаат иднинте генерации.

Владата веќе се задолжи една милијарда од Унгарија, 660 милиони на домашниот пазар, само во декември 2025 година Владата со државни обврзници се задолжи за 100 милиони евра.

Се најавува и кредит од дури 6 милијарди евра.

Светската банка веќе проектира дека јавниот долг оваа година ќе достигне 62,9 % од БДП, што нè прави најзадолжена земја на Западен Балкан.

Оваа Влада ги турка граѓаните во должничко ропство.

Ова мора да престане. Пратениците на СДСМ ќе се спротивстават на ова и на секое идно задолжување.

Власта да го повлече ова задолжување, да ги намали трошоците, да ги снема криминалните тендери и да го намали задолжувањето за да има пари за граѓаните.

Фото: СДСМ

Остани поврзан