• петок, 17 април 2026

Седница на Советот на ЈО, ќе се избира шеф на Вишото ЈО - Скопје

Седница на Советот на ЈО, ќе се избира шеф на Вишото ЈО - Скопје

Скопје, 27 март 2026 (МИА) – Советот на јавните обвинители денеска треба да ја одржи 40-тата седница, на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои донесување одлука за избор на виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство - Скопје. 

На дневен ред е и донесување одлука за избор на јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција - Скопје. 

Седницата првично беше закажана за 18 март годинава, но беше одложена. аа/вг/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан