• петок, 13 март 2026

Се помалку дизел возила во ЕУ, бројот на електричните зголемен за 45 пати

Се помалку дизел возила во ЕУ, бројот на електричните зголемен за 45 пати

Брисел, 21 февруари 2026 (МИА) - Бројот на дизел возилата (вклучувајќи ги и дизел хибридите) во Европската Унија во изминатата деценија се намалил за 67 отсто, за разлика од оние на бензински и електричен погон кои бележат раст, објави Еуростат.

Во периодот од 2014 до 2024 година, во 20 земји од ЕУ за кои има податоци, а претставуваат 93 отсто од вкупниот пазар на Унијата, бројот на возила на бензин (вклучувајќи ги и хибридите) се зголемил за 60%.

Огромен раст од 45 пати бележат електричните возила. Во 2014 година нивниот број бил само 0,3 отсто од регистрираните возила во ЕУ, додека во 2024 е зголемен на 13,9 проценти.

Раст од 13 отсто има и кај возилата што користат други алтернативни горива - течен нафтен гасо, природен гас, водород и горивни ќелии, биоетанол, биодизел, биогориво и друго.са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан