• среда, 14 јануари 2026

Се асфалтира кракот Плуждино, кој е дел од новата обиколница во Штип

Се асфалтира кракот Плуждино, кој е дел од новата обиколница во Штип

Штип, 24 декември 2025 (МИА) – Почна асфалтирањето на кракот Плуждино од обиколницата, која ги поврзува штипските населби Железничка, Пребег и Мерите со викенд населбата Плуждино и со регионалниот пат кон Радовиш и Струмица. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека деновиве овој потег ќе биде асфалтиран, а се поставуваат и тротоарски површини.

-Во завршна фаза е и тендерската постапка за изработка и поставување на нов мост на река Брегалница, кој практично ќе овозможи поврзување на обиколницата од Железничка и Пребег кон Плуждино. Станува збор за капитален проект, кој верувам дека на среден и на долг рок ќе овозможи развој на овој дел од градот, а во меѓувреме ќе овозможи побрз проток на возила од одредени делови од град Штип, вели Јорданов.

Тој истакна дека обиколницата, која е капитален проект ќе биде ставен во функција во 2026 година, а во текот на наредната година најави дека ќе се работи на низа капитални проекти, со кои какошто рече Штип визуелно и функционално ќе се промени.

-Навистина ми е задоволство, што конечно се реализираат едни вакви проекти, кои граѓаните одамна ги заслужуваат. Морам да потенцирам дека освен овој мост кој ќе ја поврзува обиколницата, во Програмата за следната година е предвидено да биде изграден уште еден мост на река Брегалница поврзувајќи ги населбата Баби со населбата Балканска. Практично тоа ќе биде уште една сообраќајница, којашто ќе го растерети метежот и која ќе овозможи побрз и полесен транзит и комуникација на жителите, изјави Јорданов.

Инаку обиколницата се реализира со средства од првиот повик на Владата за искориститување на средства од заемот од Република Унгарија. вдј/сст/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан