• вторник, 17 март 2026

СДСМ: Одлуката за домашен притвор за Груби не е правна, туку политичка

СДСМ: Одлуката за домашен притвор за Груби не е правна, туку политичка

Скопје, 25 февруари 2026

Одлуката за домашен притвор за Груби не е правна, туку политичка. Таа е директна последица на политички дил и целосно контролирано судство и Обвинителство од страна на ВМРО-ОКГ, се вели во соопштението до СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.

Со месеци СДСМ предупредува дека судството и Обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ. 

Се менува јавен обвинител за да се стави обвинител под контрола на власта, се елиминираа независни кандидати, се инсталираа партиски кадри. 

Сопруга на ексградоначалник на ВМРО ја назначија за член на Судскиот совет.

Советник на Мицкоски беше избран во Уставниот суд.

Портпаролката на Владата ги знае судските пресуди за случаи во тек.

Шефот на обвинителот, кој побара куќен притвор за Груби, беше избран на оваа функција во скопското Јавно обвинителство пред еден месец.

Кому веќе не му е јасно?

Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана, правда нема, има контролирано0 Обвинителство и судство, кое одлучува под диктат на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.

Правна држава нема - има дил за политички цели и кампања на власта!

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Фото: МИА архива

Остани поврзан