• петок, 15 мај 2026

СДСМ: Од 10 клучни реформски точки само 2 се исполнети

СДСМ: Од 10 клучни реформски точки само 2 се исполнети

Скопје, 30 април 2026

Христијан Мицкоски денеска повторно се обидува да ја продаде приказната дека „владата прави реформи и сè е супер“. Реалноста е сосема спротивна. Според Европската комисија и реформската агенда, од 10 клучни приоритети кои треба да се исполнат до јуни 2026 година: Само 2 точки се целосно исполнети. 8 точки се уште отворени или делумно исполнети, се вели во соопштението од СДСМ што МИА го пренесува интегрално.

Еве го точниот список и колку е исполнето:

1.  Уставни измени – внесување на Бугарите и другите малцинства во Уставот
→ Неисполнето (ова е услов без кој нема отворање на поглавја).

2.  Реформа на правосудството – нови закони за Судскиот совет и Јавното обвинителство, препораки на Венецијанската комисија
→ Неисполнето.

3.  Борба против корупција – имплементација на GRECO препораки, независност на антикорупциските тела
→ Неисполнето.

4.  Јавна администрација – закони за државни службеници, топ-менаџмент, департизација
→ Неисполнето.

5.  Финансиско управување – Organic Budget Law, внатрешни финансиски контроли (PIFC)
→ Неисполнето.

6.  Енергетска транзиција – пазар на електрична енергија, ослободување на цените, план за обвнова
→ 2–3 чекори неисполнети.

7.  Дигитализација – eIDAS, сајбер безбедност, електронски документи
→ 3 од 4 исполнети (најдобар резултат, но сепак не целосно).

8.  Државни претпријатија – подобрување на корпоративно управување
→ Неисполнето.

9.  Човечки капитал – реформи во образование, пазар на труд, намалување на сива економија

→ Неисполнето.

10.  Медиуми и фундаментални права – независност на медиуми, заштита на малцинства
→ Неисполнето.

Прашањето до Мицкоски е едноставно и јасно:

Како планирате да затворите 8 отворени точки за еден месец, кога за само 2 точки ви беа потребни две години?

Само да ни каже:

Дали ќе ги внесе Бугарите во Уставот?

Како ќе ги „затвори“ медиумите кога 40% од медиумскиот простор е во рацете на Орбановата мрежа и неговите луѓе?

Ќе се бори против корупцијата – што значи ќе се уапси себе си и своите соработници?

Реформи во правосудството? Како кога ги постави сите свои луѓе во судството и обвинителството.

Департизација? Кога цела администрација е наполнета со сопруги, тетки, стрикоци и партиски послушници на ВМРО?

Надворешна финансиска контрола? Кога се склучени 141, 72 и 52 тендери без никаква контрола?

А Пошта – за сателитската партија ЗНАМ?

Граѓаните заслужуваат вистински одговор, а не нови бајки и самофалби.

Мицкоски може да продолжува да си раскажува дека „сè е супер“.

Ние ја кажуваме вистината: Македонија стои во место поради неговата политика на блокада, лаги и заштита на партиски и лични интереси.

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан